Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Цвијиќ: Одиме чекор по чекор, желба на целата екипа е да се освои титулата во ЛШ
Цвијиќ: Одиме чекор по чекор, желба на целата екипа е да се освои титулата во ЛШ

Цвијиќ: Одиме чекор по чекор, желба на целата екипа е да се освои титулата во ЛШ

Женската екипа на Вардар веќе започна со тренинзи и подготовки, за вториот дел од сезоната. Поради Светското првенство, кое се играше во месец декември минатата година, постоеше пауза на натпреварите од Лигаа на Шампионите. Дел од играчите беа со своите селекции на СП, додека дел од нив одмараа и ги полнеа “батериите“ пред започнување на новите предизвици. Пред првиот натпревар во главната рунда и домашниот дуел против екипата на Мец, Вардарки ќе одиграат два натппревари во рамките регионалната лига, тоа е вкупно трет турнир кој ќе се одигра во Скопје. Во пресрет на овие мечеви и пролетниот дел од сезоната, свои очекувања за официјалниот сајт на клубот даде Драгана Цвијиќ.

-Пред нас се два натпревара од регионалната лига. Секогаш играме за победа, но овие натревари, многу ќе ни значат зашто се два контролни натпревари пред Мец. Имаме два добри противника, и тоа е добро за целата екипа. И за мене и за целата екипа желбата е да се освои титулата. Но треба да се оди чекор по чекор. Не треба сега на тоа да гледаме и да размислуваме за фајнлфор, полуфинале или финале. Имаме уште 5 месеци до таму, и сега треба да го надградиме она што го работевме во првиот дел од сезоната и да продолжиме силно да газиме, истакна Цвијиќ.