Селекторот на машката ракометна репрезентација, Раул Гонзалес го објави конечниот список на ракометари, кои ќе настапат на Европското првенство во Хрватска. Всушност тоа е истиот состав на кој сметаше за контролните натпревари против Саудиска Арабија и Србија, кои нашата селекција ги доби во своја корист.
Она што нас не интересира е дека ќе гледаме и двајца играчи од редовите на Европскиот шампион. Се работи за капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов и неговиот соиграч, десното крило Мартин Поповски.
Македонија е во група со селекциите на Словенија, Германија и Црна Гора. Првиот натпревар на програмата е во сабота против Словенија, со почеток од 19:30 часот, со директен пренос на ТВ Телма.