Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки домаќини на третиот турнир од ВРХЛ лига, истиот ќе се игра од 19 до 21 јануари во Скопје
Вардарки домаќини на  третиот турнир од  ВРХЛ лига, истиот ќе се игра од 19 до 21 јануари во Скопје

Вардарки домаќини на третиот турнир од ВРХЛ лига, истиот ќе се игра од 19 до 21 јануари во Скопје

Девојките на Дибирова веќе ги работат  подготовките за пролетниот дел од сезоната. Нив за една седмица ќе чека првиот предизвик, настапот на третиот турнир од регионалната ВРХЛ лига. Претходните два турнири ги завршивме со победи на сите натпревари,  клучно е што турнирот ќе ни даде шанса да се воиграме пред почетокот на Главната фаза од ЕХФ Лигата на шампионите.

На турнирот во Скопје од 19 до 21 јануари ќе играме со Будуќност и Крим. Потоа ќе имаме време уште една седмица пред да играме со Мец на првиот меч од Главната фаза од ЛШ.  Мечевите од регионалната ВРХЛ лига, се закажани за 19, 20 и 21 јануари во СЦ „Јане Сандански”. На 19 јануари во 17 часот играат Вардар и Будуќност, следниот ден, на 20 јануари се среќаваат Будуќност и Крим, а на 21 јануари играат Крим и Вардар.