Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес: Морам да бидам задоволен од првиот дел на сезоната, зошто имавме одлични резултати на сите натпревари
Гонзалес: Морам да бидам задоволен од првиот дел на сезоната, зошто имавме одлични резултати на сите натпревари

Гонзалес: Морам да бидам задоволен од првиот дел на сезоната, зошто имавме одлични резултати на сите натпревари

Европскиот шампион го имаше првиот собир во новата година, на кој беа присутни осум ракометари. Голманите Милиќ, Штербик, Ѓорѓески, потоа Абутовиќ, Македа, Фереира, Недановски, Војводиќ се јавија на првата прозивка на црвено-црните. Веќе утре Раул Гонзалес заминува за Хрватска, каде со репрезентација на Македонија ќе настапи на Европското првенство. Со оглед дека неговиот помошник, Давид Дејвис има обврски со репрезентацијата на Русија, овие неколку дена екипата ќе работи со кондициониот тренер. После 11-ти јануари се очекува на екипата да се приклучат и Дибиров и Шишкарев, кои во петок играат натпревар против Словачка, во рамките на квалификациите за СП во 2019 година. Борозан исто така го пропушта ЕП во Хрватска и се очекува да се појави на тренинзите на Вардар, кој поради тоа што не е доволно опоравен ќе тренира оделно од екипата. За останатите се очекува, селекторите на репрезентациите да ги објават конечните списоци на ракометари, кои ќе патуваат на ЕП во Хрватска, па ќе знаеме со каков ростер ќе располагаат Вардарци, до крајот на јануари. За официјалната страна на клубот, Раул Гонзалес изјави дека е задоволен од одиграната полусезона, во која Вардар нема пораз и дека очекува така да продолжи и понатаму.

-Мора да бидам задоволен од првиот дел зашто имавме одлични резултати на сите натпревари, и во СЕХА Газпром лигата и во ЕХФ лигата на шампионите сме на прво место во групата и сега треба да продолжиме да играме како и досега, без притисок, без грешки и да освојуваме бодови. Во СЕХА Газпром лига мислам дека треба да се спремаме и за фајнл фор. Во Лигата на шампионите сме во многу добра позиција, имаме три бода предност на табелата пред Нант, но сега следат натпревари со Барселона и со Нант и треба да победиме во гости кај едните или другите. Од друга страна сега следи и Европското првенство и им посакувам на сите здравје, зашто тоа и на нас ни е многу важно. Мора целата екипа да биде во форма и да играме одлично и во осминафинале и во четврт финале во Лигата на шампнионите, истакна Гонзалес.