Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > НЕВЕРОЈАТНО! Формиран тим “Вардар“ во Мексико, кои покрај името ги има и боите и логото на брендот (Фото)
НЕВЕРОЈАТНО! Формиран тим “Вардар“  во Мексико, кои покрај името ги има и боите и логото на брендот (Фото)

НЕВЕРОЈАТНО! Формиран тим “Вардар“ во Мексико, кои покрај името ги има и боите и логото на брендот (Фото)

Македонскиот, регионалниот и  европскиот шампион, РК Вардар  дефинитивно станува ракометен  бренд низ целиот свет. Ни пристигна интересен  факт за тоа, и тоа ни помалку ни повеќе туку од  далечното Мексико. Таму во градот Монтереj, областа Нуево Леон е формиран ракометен клуб по името РК Вардар МX. Покрај името нивното лого е направено врз база на оргиналното лого на РК Вардар, во црвено-црната света боја за нас.

mx

Станува збор за релативно нов клуб, истиот е  формиран пред крајот на 2017 година односно годината кога ние станавме шампиони на најквалитетната ракометна лига во светот, ЕХФ Лигата на Шампионите. Тимот  за почеток е аматерски и ќе се  натпреварува во Втора регионална лига во таа земја.

https://twitter.com/RKVardarMX/status/946088593964937216

mx2

Oва е нивниот Инстаграм профил види- ОВДЕ , a Твитер профилот на РК Вардар МХ може да го најдете- ОВДЕ!