ФК Вардар во иднина би можел да добие и шмек од Нигерија. Езекил Басеј треба да пристигне во Анталија и да биде на тест период кај шампионот на Македонија.
Басеј има само 21 година. Во 2017 бил дел од Барселона Б но не задоволи. За репрезентацијата на Нигерија има забележано четири настапи. Во својата земја овој играч настапувал за тимот на Енјимба каде на шест натпревари постигнал четири голови. Последен клуб за кој настапувал му е Пајкан за кој одиграл само еден натпревар.