Кугларскиот клуб Вардар од почетокот на оваа година односно на само два дена од почнувањето на истата почна со подготовки за пролетниот дел. Истиот доаѓа доста брзо, односно веќе идната недела е првото пролетно коло во Македонската кугларска лига. Тимот вредно работи под полна пареа, а дополнителен квалитет им дава тоа што сега на тренинзите е присутен “кормиларот“ Драги Димитровски.
Кугларскиот “татко“ на екипата по пауза поради здравствени причини кога не беше дел тимот повторно е тука. Тој ги следи и насочува својте момци на тренинзите и ги подготвува за пролетните искушенија. Особено важно е неговото враќање за јуниорите бидејќи на нив највеќе им треба стручна подготовка бидејќи се во фаза кога сеуште ги осознаваат и увежбуваат кугларските тајни. Прв предизвик за г-н Драги е на 20-ти јануари против екипата на КК ГТЦ Мусандра, за кога треба да го подготви тимот, но и да одбере соодветна тактика за настап. Познат е по брилијантното поставување на натпреварувачите, односно распоредот, особено тоа дојде до израз на неколку тешки дерби натпревари и финалето во Купот на Р.М во изминатата сезона. Тогаш, нашиот кормилар кој со години наназад важи за најдобар стратег во овој спорт, треба да кажеме дека единствено он од сите во кугланата наши и нивни играчи очекуваше дека може да победи Вардар. Со негововото враќање црвено-црните значајно ги зголемуваат шансите во пролетниот дел во МКЛ и Купот, а веќе по првите тренинзи се осети сосема друга атмосфера, попозитивна и поенергична помеѓу момците.