Вечерва со почеток од 20:30 часот, Македонската ракометна репрезентација го игра вториот натпревар на ЕП во Хрватска. Противник ќе ни биде селекцијата на Црна Гора. Во овој натпревар, Македонија влегува со два освоени бодови, додека Црна Гора ќе атакува на првите бодови. Нашите момци во првото коло ја изненадија брозената селекција од последното СП, тоа е Словенија, која ја совладаа минимално со резултат од 25:24, додека Црна Гора беше убедливо поразена од Германија (32:19).
Тренерот на нашата репрезентација, Раул Гонзалес го објави составот за денешниот дуел. Во него повторно се најдоа играчите на Вардар, Стоилов и Поповски. Тоа ќе биде истиот состав од првиот меч со Словенија, а повторно отпаднаа Олјевски, Даскаловски и Велко Марковски. Црна Гора вечерва ќе биде засилена за голманот на Мелсунген, Небојша Симиќ кој лекарите го оспособија за настап на вечерашниот натпревар.
Очекуваме нова добра игра од Македонија, а евентуелен триумф ќе значи пласман во следната фаза и најмалку два пренесени бодови во втората групна фаза.