Селекторот на Македонија, Раул Гонзалез е презадоволен од денешниот натпревар и втората победа на нашата репрезентација. Искусниот стратег рече дека Македонија играла добро и во нападот но и во одбраната што е клуч за успехот.
“Многу сум задоволен и среќен. По два меча имаме две победи и четири бода. Денеска почнавме добро, потоа имавме проблеми, но одигравме добро во продолжението и добро се се заврши по нас. Сите бевме супер, имавме трпение. Јас сум пресреќен и презадоволен“, изјави по мечот Раул Гонзалез.