Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > ПАДНА И ЦРНА ГОРА, МАКЕДОНИЈА НА ЧЕЛО СО ГОНЗАЛЕЗ ПРОДОЛЖУВА ДА “ГАЗИ“ НА ЕП
ПАДНА И ЦРНА ГОРА, МАКЕДОНИЈА НА ЧЕЛО СО ГОНЗАЛЕЗ ПРОДОЛЖУВА ДА “ГАЗИ“ НА ЕП

ПАДНА И ЦРНА ГОРА, МАКЕДОНИЈА НА ЧЕЛО СО ГОНЗАЛЕЗ ПРОДОЛЖУВА ДА “ГАЗИ“ НА ЕП

Македонија се пласира во следната фаза на ЕП во Хрватска, откако вечерва успева да ја победи и селекцијата на Црна Гора. Избраниците на Раул Гонзалез повторно слават со резултат од 28:29.

Македонија добро го започна натпреварот и со головите на Талевски и Лазаров, имаше почетна водство од 0:2. Во иста мера врати Црна Гора со два пследователни голови, за нашата репрезентација по втор пат да има позитива од два гола (2:4). Сепак Црна Гора во наредните пет минути прави серија од 4:0 и успева за прв пат на натпреварот да поведе со 6:4. Како и со натпреварот со Словенија гледавме борбена игра на теренот и двете селекции ја посакуваа победата. Македонија успева да намали со голот на Лазаров, но избраниците на Ѓукиќ веќе стигнуваат до три гола позитива (8:5) во 14 минута од мечот. Имаше Црна Гора и предност од 9:7, но благодарение на неколку сврзани одбрани на Ристовски успеваме да направиме пресврт и со голот на Манасков од контра напад, за резултат од 10:11. Црна Гора подобро се снајде во последните седум минути од првото полувреме и на одмор замина со минимално водство од 15:14.

Лошо започна вториот дел за нас, кога не упеваме и по четири минути игра да псотигнеме гол, иако имавме и играч повеќе на теренот, сепак “мразот“ успева да го скрши Кузмановски со својот втор гол, додека на голот застана Митревски кој ја забележа првата одбрана. Противникот и по десет минути игра во второто полувреме има предност, а нашите момци се обидуваат да стигнат до израмнување. Трет гол на Кузмановски и израмнување на реултатот 19:19. Стоилов повторно им прави проблеми на противничките играчи и ново исклучување за играч на Црна Гора, а тоа го користиме преку Манасков кој и носи предност на Македонија од 19:20, додека Кузмановски продолжува да ја полни противничката мрежа.Ново ремек дело, во улога Миркуловски кој асистира Филип Лазаров, кој успева со цепелин да го псотигне својот прв гол. Митревски со нова одбарна, му овозможува контра напад на Манасков, кој го погоди празниот гол, за највисоки 20:24. Не можеа црнагорците да го следат силното темпо кое го наметна нашата репрезентација, иако се обидуваа да се вратат во игра. Неколку наши грешки и овозможија на Црна Гора да намали на само еден гол, но Миркуловски пресекува топка и успева да постигне гол, за резултат 26:28. Филип Лазаров постигнува важен гол, на само минута и пол до крајот на мечот, за плус два гола. Ристовски брани цепелин удар и става точка на мечот. Конечниот резултат е 28:29 за Македонија. Најефикасен Кузмановски со пет голови, додека Кирил Лазаров и Манасков постигнаа по четири. Еден гол и за пикерот на Вардар, Стојанче Стоилов

Македонија сега има 4 бодови и се наоѓа на првото место на табелата, додека Германија е втора со 3, Словенија има 1, додека Црна Гора е без бодови. Во последното коло ќе се судриме со Германија.