Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови > Ракчевиќ: Црна Гора да победи, а потоа на Македонија и посакувам да игра во финалето на ЕП
Ракчевиќ: Црна Гора да победи, а потоа на Македонија и посакувам да игра во финалето на ЕП

Ракчевиќ: Црна Гора да победи, а потоа на Македонија и посакувам да игра во финалето на ЕП

Играчот кој од 2005-2009 година настапуваше за екипата на РК Вардар, црнагорецот Младен Ракчевиќ во пресрет на вечерашниот натпревар помеѓу Македонија и Црна Гора истакна дека овој дуел за него ќе биде емотивен. Со оглед дека најголем дел од кариерата ја помина во Македонија, во екипите на Вардар и Металург, Ракчевиќ посака вечера да слави неговата репрезентација, но на Македонија и посака да игра во големото финале на ЕП.

-Денешниот натпревар за мене е премногу специфичен, па дури и за гледање. Со сите тие играчи од Македонија со години го делевме истиот леб, живеевме заедно и делевме добро и лошо. Не е тајна дека по Црна Гора, Македонија е државата која ја сакам најмногу. Таму минав еден преубав период во животот и се афирмирав како играч. Сепак, денес ќе посакам да победи Црна Гора, а на моите Македонци потоа им посакувам финале на Европското првенство.