Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Кој е новиот играч на проба, за Оједа има информации само до 2015
Кој е новиот играч на проба, за Оједа има информации само до 2015

Кој е новиот играч на проба, за Оједа има информации само до 2015

“Вардар Фанс” се обидуваше да најде некој информации за Аргентинецот кој е дојден на проба кај шампионот.

За Лукас Оједа дефинитивно нема премногу информации ниту пак некој видео материјал, за офанзивниот играч може да се најде нешто само до 2015 година, потоа нема никакви информации дека играл фудбал и каде играл.

26856237_1709537855770132_1675827785_n

Оједа во 2015 настапувал за нисколигашот Клуб Депортиво Еспањол каде одиграл само шест натпревари и постигнал еден гол. Значи, од 2015 па до ден денес нема никакви информации каде играл Оједа.

26943207_1709493752441209_2065766795_n

За каков Аргентинец станува збор најубаво ќе дознаеме од првиот контролен меч во Анталија кој ќе биде одигран в сабота против тимот на Пахтакор.