Најдобриот европски ракометар за 2017 година според ЕХФ и на Хрватска, Лука Циндриќ одигра одличен напревар против Исланд, на кој заврши како најдобар стрелец за својата репрезентација со 7 постигнати голови. Лука покажува дека и на ова ЕП ќе биде лидер на Хрватска, откако на последното СП во Франција беше најдобар стрелец на својата селекција. Исланд даде силен отпор во првото полувреме, кога се играше израмнето и ниту една од репрезентациите немаа поголема предност од два гола разлика. Сепак во вториот дел, избраниците на Червар го скршија отпорот на противникот и на крајот славеа убедлив триумф. Столбот во одбраната, Јаков Гојун имаше само пофални зборови за играчот на Вардар и неговиот соиграч од репрезентцијата, Лука Циндриќ според кој кога им било најтешко, Лука наоѓал начин да постигнува голови.
-Не би сакал да летне во облаци после ова, но Лука Циндриќ одигра феноменален натпревар и кога ни беше тешко тој наоѓаше ситуации за да постигне гол. Не беше лесно да се игра против Исланд посебно во првото полувреме кога не успеавме резултатски да се одлепиме. Но сепак Циндриќ во нападот правеше чуда, во одбраната одигравме цврсто со 5-1, а во вториот дел со неколку одбрани на Стевановиќ стигнавме до убедлива победа.