Ракометарите на Вардар со успешност настапуваат на ЕП во Хрватска. Црвено – црните играчи се едни од главните во својте репрезентации, посебно тоа важи за Стоилов и Циндриќ кои ги водат своите репрезентации кон важни победи.
Според постигнатите погодоци по овие две одиграни рунди, Циндриќ е прв стрелец кај вардарци со 11 постигнати погодоци, следуваат Карачиќ и Чупиќ со по шест односно четири голови, по три имаат постигнато пикерите Стоилов на Македонија и Марсениќ на Србија како и Кањељас од Шпанија, сеуште шанса за настап на едно големо првенство чека младиот Поповски во селекцијата на Македонија.
Исто така да напоменеме дека и тренерот на Вардар, Гонзалез ја води беспрекорно нашата селекција која има две победи од исто толку дуели.