Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Во Анталија без Муслиу кој си заминува, Велковски пред трансфер во Риека, Петковски остана во Скопје
Во Анталија без Муслиу кој си заминува, Велковски пред трансфер во Риека, Петковски остана во Скопје

Во Анталија без Муслиу кој си заминува, Велковски пред трансфер во Риека, Петковски остана во Скопје

Нашиот шампион се соочува со сериозни проблеми пред стартот на зимските подготовки. Дефинитивно од таборот на Вардар по Николов заминува уште еден квалитетен играч. Висар Муслиу не отпатува со екипата во Турција што е доволен знак дека и репрезентативецот ќе си замине од таборот на црвено – црните.

Во Анталија исто така не замина ниту Петар Петковски, офанзивниот играч би требало да замине на позајмица во друг клуб. Од друга страна сеуште е нејасно зашто Фелипе го нема на подготовките со екипата. Со оглед на тоа какви ветрови дуваат последните неколку денови во Вардар, се стравува дека и Фелипе би можел да ја промени средината.

Во Анталија е само еден играч на проба а тоа е анонимниот Оједа од Аргентина.