Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардарци “газат” во Хрватска, Циндриќ со најмногу постигнати голови досега
Вардарци “газат” во Хрватска, Циндриќ со најмногу постигнати голови досега

Вардарци “газат” во Хрватска, Циндриќ со најмногу постигнати голови досега

Ракометарите на Вардар со успешност настапуваат на ЕП во Хрватска. Црвено – црните играчи се едни од главните во својте репрезентации, посебно тоа важи за Стоилов и Циндриќ кои ги водат своите  репрезентации кон важни победи.

Според постигнатите погодоци по овие две одиграни рунди, Циндриќ е прв стрелец кај вардарци со 11 постигнати погодоци, следуваат Карачиќ и Чупиќ со по шест односно четири голови, по три имаат постигнато пикерите Стоилов на Македонија и Марсениќ на Србија како и Кањељас од Шпанија, сеуште шанса за настап на едно големо првенство чека младиот Поповски во селекцијата на Македонија.

Исто така да напоменеме дека и тренерот на Вардар, Гонзалез ја води беспрекорно нашата селекција која има две победи од исто толку дуели.