Wednesday ,27 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Ниту седум голови на Чупиќ не беа доволни за победа на Хрватска, Марсениќ со Србија се пласира во следната фаза на ЕП
Ниту седум голови на Чупиќ не беа доволни за победа на Хрватска, Марсениќ со Србија се пласира во следната фаза на ЕП

Ниту седум голови на Чупиќ не беа доволни за победа на Хрватска, Марсениќ со Србија се пласира во следната фаза на ЕП

Се одигра и третото коло во групите на А и Б, на Европското првенство во Хрватска, по што се познати репрезентациите кои се пласираа во следната фаза, како и селекциите кои предвреме мора да го напуштат натпреварувањето. За нас е интересна групата Б, во која настапуваа играчите на Вардар и тоа во селекциите на Србија и Хрватска.

Интересно репрезентацијата на Србија успеа да се пласира во следната фаза, откако ја победи селекцијата на Исланд, додека Шведска го направи најголемото изненадување, со победата во дуелот против домашната селекција на Хрватска.

После почетната предност на Исланд од 1:2, избраниците на Јовица Цветковиќ постигнаа три последователни голови и поведоа со 4:2. Уште во два наврати, Србија имаше позитива од два гола (7:5 и 8:6), но Исланд успева да го израмни резултатот на 8:8 и до крајот на првото полувреме да се игра гол за гол, по што на полувреме ниту една од селекциите немаше водство (12:12). Интересно во второто полувреме, Исланд направи важен исчекор кон победата, кога имаше највисоки четири голови предност (16:20), исто така подоцна и 20:23, но Србија ги одигра најдобрите 15 минути на првенството, кога најпрво направи серија од 3:0 и го израмни реултатот на 23:23. Во следните четири минути двете репрезентации постигнаа по еден гол, за ново израмнување (25:25), но финишот им припадна на Србите кои славеа со резултат од 29:26. Иако им беше потребна победа со поголема разлика од четири гола, Ненадиќ не успеа да реализира во последниот напад, па мечот заврши со споменатиот резултат. За Србија остана само да се надева дека Шведска може да ја победи Хрватска, додека Исланд со насмеани лица го доживеаа поразот, како да е се завршено околу нивното учество во следната фаза.

Во редовите на Србија, пикерот на Вардар, Мијајло Марсениќ постигна два голови.

Така не мислеа и скандинавците, кои освен две водства на Хрватска, се помина во нивни знак до крајот на натпреварот. Така беше при резултат од 1:0 и 4:3, за да започне “шоуто“ на Шведска, кои успеваат да направат серија од 0:6 и да поведат со високи 4:9. Стигнаа ибраниците на Черва да намалат на 8:10, но гледаме нови три последователни голови на Шведска, за враќање на највисоката предност од 8:13. Истата позитива ја имаа и по завршување на првото полувреме, кога резултатот на семафорот гласеше 12:17.

Не функционираше добро одбраната на Хрватска, ниту во второто полувреме, а голманите на домаќинот, Пешиќ и Стевановиќ не функционираа и немаа никаков придонес. Како Хрватска да е во предност, така започна вториот дел, кога Шведска засили со темпото на игра и само по три минути игра во вториот дел веќе имаше убедливи 12:19, што беше веќе загрижувачки за домашната публика во Сплит. Се функционираше во играта на Шведска, кои имаа и најголеми девете голови предност (16:25 и 17:26). Најмногу што успеа да стори Хрватска е да намали на три гола разлика, но кога веќе течеа последните 30 секунди. На крајот за потврда на големата победа, гол за Шведска, за конечен резултат од 31:35.

Ниту седум голови на Иван Чупиќ не беа доволни за победа, додека Игор Карачиќ беше стрелец на четири голови. Добро беше чуван на овој меч, Циндриќ кој постигна само два голови.

Во следната фаза, Шведска ќе пренесе максимални 4 бодови, додека Хрватска само 2. Србија се пласира исто така во следната фаза, која ќе ја започне без ниту еден бод.