Момците на Будимир се во групата Б, заедно со екипите на Телеком Веспрем, ППД Загреб и Локомотива Брчко, додека во група А се Дуго Село, Сегед, Целје и од Австрија, Фиверс Ват. Вардар утре, на 18 јануари, во 15.10 часот игра со Веспрем. Во петок на 19 јануари, во 12.30 часот играме со Локомотива Брчко, а во 17.10 часот е натпреварот против ППД Загреб. Саботата е резервирана за мечевите за подобар пласман на турнирот. Момците веќе се пристигнати во овој унгарски ракометен град, за нас ќе настап следните момци:
Леонид Чорогунов, Давид Стојкоски, Симон Калајџиски, Дамјан Димитријевски, Марио Мишевски, Благој Димчевски, Дамјан Србиновски, Бојан Чакалиќ,Никола Жерновски, Борис Павловски, Давид Мирчевски, Давид Савревски, Велимир Грујовски, Горјан Трајчевски, Андреј Трајановски, Кристијан Ташевски, Антонио Пешевски.