Утрово се одигра вториот, финален натпреварувачки ден на овогодинешниот Зимскиот турнир на РК Вардар „Еден живот, една љубов″ кој се одржува по четврти пат. Денес се играат натпреварите за пласман во категоријата 2004/2005 кај женските и машките. Дамите играа во салата на СЦ „Гоце Делчев″ во Илинден, таму веќе завршија 1/2-финалните дуелите. Место во финалето обезбедија екипите на Ѓорче Петров Вардар и Кале Вардар, апак тимот на Кисела Вода Вардар и екипата на Делчево Вардар ќе се борат за “бронза“.
Први финалисти беа екипата на РК Ѓорче Петров Вардар во женска категорија 2004/05 . Тие утрово на првото полуфинално соочување во салата “Гоце Делчев” ја победија екипата на Делчево Вардар со 11 – 10 (3 – 3), која ќе игра за трето место. На овој дуел први поведоа скопските девојки, на што ривалот одговори со погодок за 1-1. Првиот дел беше борбен со многу дуели, апак со со малку погодоци. Истиот заврши со резултатска симетрија на семафорот, со резултат 3-3 се замина на одмор во дуелот кој се одигра во Населеба Илинден.
Вториот дел почна со гол на Ѓорче за водство од 4-3, но делчевки веднаш погодија за изедначување 4-4. Постојано се играше гол за гол и се израмнуваше резултатот се до 7-7. Потоа следеше одлучувачката серија на скопскиот женски тим кој со серија 3-0 поведе со 10-7. Во финишот девојките од Делчево се обидоа да се вратат, имаа подобра игра и серија 3-1 која не беше доволна за победа. Кај победникот Колевска Ангела и Марковска Михаела имаа по 4 гола, кај поразениот тим Деника Спасевска имаше исто така 4 погодока.
Во вториот полуфинален меч, пласман во големото финале обезбеди тимот на РК Кале Вардар од Кичево. Тие во второто полуфинале во женска категорија 2004/05 ја победија екипата на Општина Кисела Вода Вардар, која ќе се бори за третото место. Кале Вардар дојде до триумф со резултат 15 – 12. Дуелот почна со по еден погодок во двете мрежи за почетни 1-1, на средината од првиот дел беше повторно нерешено, 3-3. Во вториот период од првите 15. мин кичевчанки беа подобар тим и со серија 4-1 го однесоа дуелот на одмор со предност од “плус три“, 7-4.
Вториот дел почна со гол за скопјанки кој намалија на 7-5 и се обидоа да внесат неизвесност во дуелот. Сепак следеше пеколна и одлучувачка серија на тимот од Кичево тие со серија 7-1, поведоа со 14-6 и ја најавија победата на овој дуел. Девојките на Општина Кисела Вода Вардар во финишот се обидоа да се вратат, одиграа одлично направија серија 1-6, но таа не беше доволна да ја надополнат негативата. Кај победникот први стрелци беа: Сара Стефаноска и Михаела Вељаноска со по пет гола, кај поразениот тим Ива Здравевска постигна пет погодоци.