Tuesday ,21 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > РК Карпош од Куманово и Бисинов од Велес ќе играат во големото машко финале на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“
РК Карпош од Куманово и Бисинов од Велес ќе играат во големото машко финале на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“

РК Карпош од Куманово и Бисинов од Велес ќе играат во големото машко финале на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“

Екипите на Карпош од Куманово и ќе играат во големото машко финале на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов’ кај генерацијата родени 2004/05 година. Ова е епилогот од одиграните полуфинални натпревари.

Во првото полуфинале се сретнаа екипите на Илинден од Скопје и Карпош од Куманово. Поуспешни беа РК Карпош, кои славеа победа во еден неизвесен и пред се квалитетен натпревар.

Илинден предводен од Дарко Јанев во најголем дел од првото полувреме имаше водство, а во четири наврати екипата на Карпош го израмнуваше резултатот. Добро отвори Илинден со предност од 2:0, но избраниците на Наташа Ѓорѓевиќ не дозволија уште на стартот да гледаме неинтересен меч. Во чекор ја следеа екипата на Илинден и постојано им “дишеа“ во врат. Најдобрите моменти, Илинден ги имаше кога при нерешен резултат од 7:7, успеваа да напправат за краток период серија од 4:0 и да се одлепат на солидна предност од 11:7. Левораките играчи во овој состав, Петрушевски и Трајановски најчесто се решаваа да упатуваат удари кон противниќкиот гол, од кои голем дел и завршуваа во мрежата. Тренерот Јанев се обиде да игра со два пикери, без крилен играч, што можеби се покажа како добра варијанта во нападот, но одбраната на илинденци не функционираше на потребното ниво. Многу индивидуални акции, брзоплети напади по само неколку секунди изминати во нападот, ги чинеше Илинден на полувреме да заминат само со еден гол предност, иако имаа на 20 секунди цел напад за организирање, но еден од нивните играчи брзо шутираше, што им овоможи на Карпош да постигнат гол и да изнудат исклучен играч кај Илинден. На полувреме резултатот беше 11:10 во корист Илинден.

1

Тоа го искористи Карпош, кој на стартот на првото полувреме веднаш донесува израмнување. Илинден повторно успева да се одлепи и со четири голови во серија да стигне до предност од 15:11. Кога се мислеше дека се многу блиску до финалето, следеше несфатлив пад во нивната игра. Може да се каже дека Илинден се победи самиот себе, како и што споменавме многу брзо упатени удари после нивните напади и неколку технички грешки ги одалечи од можноста да игаат во големото финале. Карпош се врати во игра и успева да го израмни резултатот на 17:17. Дали пресвртот се случи, кога при резултат од 17:17, Матеј Трајановски постигна гол за Илинден, но поради побаран тајмаут од страна на тренерот Јанев, овој гол не се важеше.

3

Во истиот напад, Илинден промашува, односно Петрушевски ја погодува пречката од голот, а Карпош наеше како да казни. Смирено во нападот со многу додавања и завршен удар од изградена позиција ги донесе во можност да ја превземат предноста, односно од 17:15 направија целосен пресврт и поведоа со 17:19. Времето работеше во нивна корист, а Илинден ги потроши своите шанси. На крајот голема и заслужена победа за Карпош кој одигра попаметно и посмирено од Илинден, во моментите кога се одлучуваше финалистот. Конечниот резултат е 18:20 во корист на Карпош.

2

Најефикасен кај победничката екипа беше Давид Димевски кој постигна седум голови.

Во второто полуфинале, екипата на Бисинов беше поуспешна од тимот на ГРК Гостивар. Може да се каже заслужена победа за екипата од Велесе, која во текот на целиот меч имаше постојано водство. Двете екипи започнаа со мини серија од по два гола, за резултат 2:2, но Бисинов го прави првиот чекор и успева да постигне три последователни голови и да поведе со 5:2. Истава разлика ја одржуваа и до истекот на првите 15 минути, кога резултатот на семафорот гласеше 10:7.

4 5

На стартот на вториот дел, Гостивар внесе неизвесност кога го намали резултатот на 10:9, но Бисинов ја оправда улогата на фаворит и уште во два наврати имаше предност од три голови ралика.Беше  14:11 и 16:13, за Гостивар да намали на 16:15, на пола минута пред крајот на натпреварот. Сепак Бисинов успева да постигне нов гол и да ги постави конечните 17:15 во ова второ полуфинале.

6

Кај Бисинов најефикасен беше Даев кој постигна пет голови.

На тој начин денес во истава сала, во големото машко финале во оваа возрасна генерација ќе играат екипите на Карпош од Куманово и Бисинов од Велес.