Познати се победниците на машкиот дел од турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“, кај генерацијата родени 2004/05 година.
После доделување на трофеите и медалите за најдобрите три екипи на турнирот, се пристапи кон изборот на идеалниот тим на турнирот. Двајца ракометари доаѓаат од екипата на Илинден и по еден од Карпош, Бисинов, ГРК Гостивар и Ангели.
Признанието за најдобро лево крило заврши во рацете на Марјан Гочев од екипата на Бисинов.
Најдобриот пикер е од тимот на Илинден и тоа за Александар Стојменов,додека најдобро десно крило е Матеј Трајановски, кој исто така настапува за Илинден.
Давид Димевски од Карпош е прогласен за најдобар лев бек, додека Александар Костовски е најдобриот среден бек, кој доаѓа од екипата на Ангели. Андреј Петрушевски е најдобриот десен бек, додека најдобриот голман доаѓа од екипата на ГРК Гостивар и тоа за Мартин Димитриевски.