Кадетите на РК Вардар кои предводени од Андријана Будимир денес го одиграа и 3.коло на турнирот во Веспрем, Балатон куп, што се одржува во Унгарија. Во ова последно коло се сретнавме со екипата на ППД Загреб и иако одигравме добар дуел, за жал бевме поразени со 21-18 (10-8) на овој резултат.
Домаќинот поведе со 1-0 на почетокот, потоа ние преку Грујоски Велимир успеавме да изедначиме на 1-1 на самиот почеток. Првата половина од овој дуел со загребчани мина со рамноправна игра на двата состави. па така некаде околу средината на првиот дел на семафорот стоеше реми, односно резултат 5-5. Во втората половина од првиот дуел загребчани успеаа да бидат подобри и се одлепија на “два плус“, односно отидоа на одмор со резултат 10-8.
Вториот дел почна со по еден гол на двете страни па така резултато беше два негатива за нас,11-9. Се до последните пет минути се играше гол за гол на двете страни, загребчани ја чуваа предноста и влеговме во финишот со резултат 18-16, за нив. Во последните моменти ние не успеавме да стигнеме и бевме поразени со 21-18.
Кај нас прв стрелец беше Бојан Чакалиќ со 6 гола, апак 5 гола беа дело на Велимир Грујоски. Со овој пораз завршуваме третти во групата па така утре ќе играме дуел за пласман, односно натпревар за 5.месѕо на овој силен турнир.