Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Регионална ВРХЛ лига: Будуќност “лесна мета“ за вардарки
Регионална ВРХЛ лига: Будуќност “лесна мета“ за вардарки

Регионална ВРХЛ лига: Будуќност “лесна мета“ за вардарки

Ракометарките на Вардар ја забележаа петтата победа во ВРХЛ лига. Тие денес   славеа над црногорскиот првак Будуќност со резултат 31:24. Ова беше   првиот натпревар од третиот турнир во регионалното натпреварување. Се очекуваше поголем отпор од славниот Будуќност, сепак победникот беше решен уште во првиот дел.

Вардарки доминираа уште по певиот судиски свиреж, тие не наидоа на  голем отпор од гостинките.   Избраничките на Дибирова  играа, погодуваа па на одмор замина со “плус осум“. Ние водевме со 19-11 по првите 30.минути во Јане Сандански. Будуќност цело време бркаше резултат, но македонскиот умешно ја контолираше предноста и славеше на крајот со седум гола предност.

Најдобра кај Вардар беше Андреја Пенезиќ со постигнати  осум гола, Лакрабер погоди седум пати. Следниот втор, и последен дуел Вардар го игра за два дена, кога се сретне со тимот на  Крим во “Јане Сандански“.