Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Кадетите поразени од Загреб, утре ќе играат за 5.место на турнирот во Веспрем
Кадетите поразени од Загреб, утре ќе играат за 5.место на турнирот во Веспрем

Кадетите поразени од Загреб, утре ќе играат за 5.место на турнирот во Веспрем

Кадетите на РК Вардар кои  предводени од Андријана Будимир денес го одиграа и 3.коло на турнирот во  Веспрем, Балатон куп, што се одржува во Унгарија. Во ова последно коло се сретнавме со екипата на ППД Загреб и иако одигравме добар дуел, за жал бевме поразени со 21-18 (10-8) на овој резултат.

pz4

Домаќинот поведе со 1-0 на почетокот, потоа ние преку Грујоски Велимир успеавме да изедначиме на 1-1 на самиот почеток.  Првата половина од овој дуел со загребчани мина со рамноправна игра на двата состави. па така некаде околу средината на првиот дел на семафорот стоеше реми, односно резултат 5-5. Во втората половина од првиот дуел загребчани успеаа да бидат подобри и се одлепија на “два плус“, односно отидоа на одмор со резултат 10-8.

pz3

Вториот дел почна со по еден гол на двете страни па така резултато беше два негатива за нас,11-9. Се до последните пет минути се играше гол за гол на двете страни, загребчани ја чуваа предноста и влеговме во финишот со резултат   18-16, за нив. Во последните моменти ние не успеавме да стигнеме и бевме поразени со 21-18.

pz2

Кај нас прв стрелец беше  Бојан Чакалиќ со 6 гола, апак 5 гола беа дело на Велимир Грујоски. Со овој пораз завршуваме третти во групата па така утре ќе играме дуел за пласман, односно натпревар за 5.месѕо на овој силен турнир.