Кадетите на РК Вардар кои предводени од Андријана Будимир денес го одиграа 2.коло на турнирот во Веспрем, Балатон куп, што се одржува во Унгарија. Вчера го одигравме првиот дуел со домаќинот Веспрем во кој бевме минимално поразени. Денес се сретнавме во 2.коло со тимот на РК Локомотива Брчко, во еден меч во кој доминиравме во целост ние триумфиравме со резултат 20-18 (9-6).
На почетокот ние отворивме со два гола за предност од 2-0, потоа ривалот намали на 2-1. На средината од првиот дел водевме со минимални 3-2. Во втората половина од првиот период бевме далеку подобар тим па така, успеавме да го зголемиме водството за доплнителни два гола пред паузата на овој дуел. Ние на одмор натпреварот го однесовме сo предност 9-6 во наша корист. Наговестувајќи победа на овој втор дуел од групната фаза на овој турнир.
Вториот дел го почнавме со два последователни гола со кој отидовме на “плус пет“ предност во однос на противникот. Ние по 2.минути игра поведовме со 11-6. Се играше гол за гол се до средината на вториот дел ние бевме на комотни пет гола позитива, поведувајќи со 15-10 пред почетокот на последната четвртина од натпреварот. Во финишот следеше мало опуштање на нашите момци, кој противникот го искористи за да ја намали предноста на црвено-црните и да забележи пораз со резултат 20-18. Во овој дуел ја видовме целата наша лепеза на различни комбинации во напад, и одлична одбрана.
Кај нас Чакалиќ Бојан имаше 7 погодоци, апак Мишевски Маријо и Давид Савревски постигнаа по три гола во мрежата на екипата на РК Локомотива Брчко.