Денес во салата Кале се одиграа и полуфиналињата кај момците родени 2002 и 2003 година на зимскиот ракометен турнир. По победите над ривалите РК Преспа Вардар и РК Шампион Вардар обезбедија финале, за “бронза“ ќе се борат екипите на РК Делчево Вардар и РК Бисинов Вардар.
Во првото прво полуфинале РК Шампион Вардар дојде до победа во дуелот со РК Делчево Вардар со резултат 23-10 и обезбеди место во големото финале на турнирот. Први со три гола дуелот го отворија скопјани кои поведоа со 0-3 на стартот, по што делчевци побараа минута одмор. Следеше период во кој двата тима постигнаа по три гола, резултатот беше 6-3 во корист на скопскиот машки тим. Следеа нови минути на РК Шампион тие со серија 1-4 се одлепија на „плус шест“, 4-10 во самиот финиш од првиот дел. Последните напади не донесоа гол па со овој резултат на семафорот во салата “Кале“ –Скопје се замина на пауза на ова прво полуфинале.
Вториот дел почна со гол на Делчево кои намалија на 5-10 во 1.минута од дуелот. Од минута во минута одличниот скопски тим успеваше да ја удвојува предноста, на еден гол на делчевци одговараше со два погодока. Па така во последните 5.минути влеговме со огромна предност за нив од 10-21. Последните минути беа чиста формалност во истите Шампион дури и успеа да го зголеми водството, тие победија со 23-10 на крајот. Кај победникот Гораз Крстиќ беше прв стрелец со 4 гола, кај поразениот тим Мајнов Зоки имаше постигнато три погодоци и беше прв стрелец во својот колектив.
Во вториот меч од полуфиналниот дел РК Преспа Вардар од Ресен лесно се справи со екипта на РК Бисинов Вардар, тие на овој дуел триумфираа со резултат 24-11. Први со гол дуелот го отворија ресенчани, на што тимот од Велес, Бисинов одговори со гол за 1-1. Одлична игра во продолжение на ресенскиот состав, тие на средината од првиот дел поведоа со “плус пет, 7-2. Потоа се играше гол за гол, се до 9-5. Со два едно по друго голови РК Преспа го затвори првиот дел. На полувреме се замина со резултат 11-5 на семафрот во “Кале“ во корис на ресенчани.
Вториот дел со серија 3-0 го стартуваше РК Преспа Вардар која се одлепи на 14-5 и најави дека остатокот од полуфиналето ќе биде чиста формалност. Се во продолжение беше предвидливо, ресенчани со мирна игра полека итаа кон финалето. Тие победија на крајот со високи 24-11 на овој дуел и закажаа средба со тимот на РК Шампион во големото финале.Кај победникот прв стрелец беше Д.Арсовски со 5 гола , кај поразениот тим Илиев Петре имаше 3 погодоци.