Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > “Пенал рулетот“ го даде “бронзениот“ на зимскиот турнир, РК Бисинов Вардар подобар од РК Делчево
“Пенал рулетот“ го даде “бронзениот“ на зимскиот турнир, РК Бисинов Вардар подобар од РК Делчево

“Пенал рулетот“ го даде “бронзениот“ на зимскиот турнир, РК Бисинов Вардар подобар од РК Делчево

Во дуелот за “бронза“ се сретнаа екипите на  РК Делчево Вардар и РК Бисинов Вардар од Велес, во овој меч кој заврши реми 19-19 победникот го даде “пенал рулетот“. Бронзата ќе иде во рацете на Бисинов од Велес кој победи по изведувањето на пеналите со 21-20.

f2

Првиот дел почна со три гола и висока предност на велешани, тие поведоа со 0-3 по 3.минути ракомет во “Кале“.  Сепак до средината од првиот дел со агресивна игра тимот од  Делчево успеа да ја анулира предноста, тие изедначија на 6-6 преку Лука Цветковски.  Се играше гол за гол и потоа па во последната се влезе со резултатска симетрија, 9-9 на смефорот. Во последниот напад  велешани погодија па на одмор заминаа со предност 10-9.

f f4

Вториот дел почна со гол за ново изедначување 10-10. Се до средината на полувремето постојано една екипа поведиваше , а другата изедначуваше се до 14-14. Делчево успеа да одбрани неколку напада и да направи предност, тие во последните 3 минути влегоа со два плус, односно 19-17. Потоа следеа неколку исклучувања во нивниот состав па тоа го искористи Бисинов и изедначи на 19-19, носејќи го дуелот во нова фаза, пенал рулет. Во истата со 2-1, по три изведени удари или со вкупен резултат 21-20 победи РК Бисинов Вардар од Велес и дојде до “бронза“. Кај победникот С.Димевски имаше 4 гола, кај поразените прв стрелец беше Лука Цветковски со три погодока.