Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > РК Шампион Вардар ја зема круната на РК Преспа,  скопскиот тим го победи во финалето ланскиот освојувач на зимскиот турнир
РК Шампион Вардар ја зема круната на РК Преспа,  скопскиот тим го победи во финалето ланскиот освојувач на зимскиот турнир

РК Шампион Вардар ја зема круната на РК Преспа,  скопскиот тим го победи во финалето ланскиот освојувач на зимскиот турнир

Во големемото финале на турнирот организиран од Академијата на РК Вардар, “Еден живот, една љубов“  екипата на РК Шампион Вардар од Скопје ја победи екипата која беше победник на ланскиот турнир РК Преспа Вардар со 13-11.

f

Во првиот дел  скопскииот тим отвори одлично за нив, тие поведоа со 2-0 а потоа и со 3-1 во почетните пет минути.  По ова се играше игра гол за гол на двете страни, двата колектива успеаа да погодат по четири пати во противвничката мрежа за резултат 6-4. Токму со тој резултат на семафорот во спортскиот центар “Кале“ во  Скопје се замина на одмор на  овој дуел. Се играше цврсто и одлично финале, со многу борба помеѓу тимовите.

f6666

Вториот дел беше далеку поефикасен од првиот по бројот на погодоци кои беа постигнати.  Со два гола на почетокот РК Шампион Вардар отиде на четири позитива, 8-4 и најави дека ќе се обиде да ја земе земе титулата од ресенчани.  Екипата на РК Преспа се обиде со пресниг да се врати во игра не успеа. Единствено го намалиа резултатот и беа поразени со само два гола, Шампион победи со 13-11. Кај победникот прв стрелец беше  Стефан Кочаров со три гола, исто толку кај поразените имаше  Мишевски.