Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Нова победа на Вардар, овој пат против Крим (25:24)
Нова победа на Вардар, овој пат против Крим (25:24)

Нова победа на Вардар, овој пат против Крим (25:24)

ЖРК Вардар нема кој да го порази оваа сезона, по победата над Будуќност пред два дена во регионалната ВРХЛ лига, вечерва црвено – црните девојки го победија и тимот на Крим со резултат 25:24 (13:11).

Првиот дел се одигра доста динамично, во серија Вардар влезе кон средината на првиот дел кога во серија влезе Лејно со неколку успешни одбрани, на спротивната страна преку Радичевиќ и Кузнецова од контранапади Вардар стигна до лесни погодоци па така на пауза замина со два гола предност 13:11.

Во вториот дел Крим во некој моменти од натпреварот се доближи на само еден негатива, во последните пет минути се влезе со егал резултат, искуството на вардарки пресуди на крај кои дојдоа до победа со еден гол разлика 25:24. Радичевиќ во вториот дел беше најрасположена за игра кај црвено – црните.