Во дуелот за “бронза“ се сретнаа екипите на РК Делчево Вардар и РК Бисинов Вардар од Велес, во овој меч кој заврши реми 19-19 победникот го даде “пенал рулетот“. Бронзата ќе иде во рацете на Бисинов од Велес кој победи по изведувањето на пеналите со 21-20.
Првиот дел почна со три гола и висока предност на велешани, тие поведоа со 0-3 по 3.минути ракомет во “Кале“. Сепак до средината од првиот дел со агресивна игра тимот од Делчево успеа да ја анулира предноста, тие изедначија на 6-6 преку Лука Цветковски. Се играше гол за гол и потоа па во последната се влезе со резултатска симетрија, 9-9 на смефорот. Во последниот напад велешани погодија па на одмор заминаа со предност 10-9.
Вториот дел почна со гол за ново изедначување 10-10. Се до средината на полувремето постојано една екипа поведиваше , а другата изедначуваше се до 14-14. Делчево успеа да одбрани неколку напада и да направи предност, тие во последните 3 минути влегоа со два плус, односно 19-17. Потоа следеа неколку исклучувања во нивниот состав па тоа го искористи Бисинов и изедначи на 19-19, носејќи го дуелот во нова фаза, пенал рулет. Во истата со 2-1, по три изведени удари или со вкупен резултат 21-20 победи РК Бисинов Вардар од Велес и дојде до “бронза“. Кај победникот С.Димевски имаше 4 гола, кај поразените прв стрелец беше Лука Цветковски со три погодока.