Во пресрет на првиот меч со Апоел во вторник во изјава за Вардарфанс со нашите фанови, своите очекувања за истиот и спомените од дуелите кога тој настапуваше во Вардар ги споделува Вандаир . Бразилецот имаше значајна улога во црвено – црниот табор како во неколкуте сезони во домашниот шампионат така и во европските купови. Вандаир зад своето име го запиша рекордот за најдобар стрелец на ФК Вардар во мечевите организирани од европската фудбалска организација . Овој бразилец кој одлично говори македонски во изјвата за нашиот сајт вели :
Каде е денес Дон Сантош Вандаир ? Игра ли се уште фудбал , го следи ли нашиот фудбал и случувањата во него ?
- Јас сеуште сум фудбалски активен , имам статус на полу-професионалец настапувам во бразилска аматерска лига .Од овде уште го следам макадонскиот фудбал нормално посебно Вардар . Сега со технологијата која е достапна, со фејсбук се е полесно , лесно дознавам што се случува во Македонскиот фудбал . Морам да кажам : ВАРДАР СЕ УШТЕ ВО СРЦЕ ГО НОСАМ !
Какво е твоето мислење за противникот и шансите на ФК Вардар во европскиот двомеч со тимот на Кипарски АПОЕЛ ?
- Во ЛШ Вардар годинава има навистина многу тежок противник но велам : Вардар е Вардар . За мене поголемо име има Вардар и очекувам да иде понатака , да се повтори чудо како со ЦСКА Москва .
Какви спомени те врзуваат за мечот во ЛШ одигран на Градскиот стадион во Скопје кога со единствениот твој погодог го сруши рускиот шампион тимот на ЦСКА Москва ?
- Мечот со московјани во Скопје и да сакам не можам да го заборавам . Меч со полни трибини и голема еуфорија на стадионот во Скопје . Сите пееа и навиваа за Вардар како да се еден . Јас понекогаш тој гол си го пуштам на “јутуб“ и да ви кажам искрено срцето ме боли за тие времиња . Дај боже еден ден некогаш да дојдам во Македонија .
За крај го запрашавме дали и колку му значи рекордот како најдобар стрелец на црвено – црните во европските фудбалски натпреварувања .
- Јас многу сум горд на мојот рекорд во евро-куповите и дека тоа сум го постигнал со голем клуб како Вардар . Поздрав до моето Скопје и сите фанови на Вардар и со среќа во двомечот со АПОЕЛ .