Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар утре патува за Никозија
ФК Вардар утре патува за Никозија

ФК Вардар утре патува за Никозија

Црвено – црните утре од Скопје ќе заминат за главниот град на островската држава Кипар – Никозија каде ги чека меч од најквалитетното европско клубско натпреварување.Тие два дена порано ќе пристигнат во градот кој во оваа доба од годината  има исклучително неповолна клима за да може да се адаптираат на истата.

Во Никозија каде на 14ти Јули ќе се игра дуелот со АПОЕЛ владее исклучително неповолна клима која е пречка за фудбалерите на нашиот шампион  , таму температурата на воздухот е исклучително топла , а влажноста непријатна . Црвено- црните ќе имаат покрај другото и човек кој ќе ја контролира и приспособи храната за оваа островска клима и свој готвач кој ќе ги подготвува оброците се со цел поголем степен на сигурност и попрофесионален пристап кон мечот во второто коло од шампионската лига . Овој гостински меч на вардарци ќе можете да го проследите низ директен пренос на Македонската радио и телевизија .