Најдобрата Македонска навивачка група, популарните Комити иако нема да бидат во можност да патуваат во Кипар и да ги поддржат своите миленици кон добар резултат, сепак не ја забораваат својата најголема љубов. Сигурно е дека нивното присуство ќе значи многу за Вардаровите момци кое ќе им даде дополнителен мотив и поттик за победа во Кипар.
“Комити запад“ ги повикуваат сите што се во можност, утре во 18 часот пред спортскиот центар Јане Сандански да присуствуваат на последниот тренинг на Фк Вардар, пред заминување во Кипар каде во вторник ќе се игра првиот квалификациски натпревар , против екипата на Апоел.
СРЦЕ НА ТЕРЕН !!