Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Познати се 22 играчи кои ќе патуваат за Кипар
Познати се 22 играчи кои ќе патуваат за Кипар

Познати се 22 играчи кои ќе патуваат за Кипар

Стручниот штаб на Фк Вардар ги одреди 22 играчи кои ќе патуваат во Кипар, за престојниот натпревар од второто квалификациско коло, против екипата на Апоел. Нашиот шампион тргнува во недела, со следниве фудбалери кои ќе му бидат на располагање на тренерот Андреев:

ГОЛМАНИ: Томе Пачовски, Филип Гачевски.

ОДБРАНА: Горан Попов, Немања Мијушковиќ, Бобан Грнчаров, Дарко Велковски, Хофханес Хамбарџумјан, Владица Брдаровски.

СРЕДЕН РЕД: Стефан Спировски, Артак Дашјан, Јасир Асани, Петар Петковски, Никола Глигоров, Бобан Николов, Хуан Фелипе, Влатко Грозданоски, Благоја Љамчевски.

НАПАД: Дејан Блажевски, Ацо Стојков, Филип Ивановски, Филип Петковски, Артур Миранјан.

Недостасуваат веќе подолго отсутниот Таневски, голманот Кобетиќ кој се повреди на стартот на припремите во Австрија. На списокот на повикани играчи ги нема ниту Дино Најдовски, Дарко Глишиќ и Игор Павловиќ.