Ракометната репрезентација на Русија не е дел од ЕП во Хрватска, но во изминатиов период беше акивна со настапи, за пласман во баражот за светското првенство во 2019 година. Русија беше дел од првата квалификациска група, во која на убедлив начин го освоија првото место и на тој начин обезбедија бараж. Дел од селекцијата беа вардаровите крила, Тимур Дибиров и Данил Шишкарев, како и тренерскиот таандем, Едуард Кокшаров и Давид Дејвис.
Најефикасен играч кај Русија во овој квалификациски циклус беше Тимур Дибиров, кој постигна вкупно 33 голови на сите натпревари. Шишкарев на пет натпревари се запишуваше во листата на стрелци и имаше зад своето име 16 погодоци.