Убедливиот триумф против Унгарскиот шампион, екипата на Веспрем беше сигурно најдобриот натпревар за Вардар во сеха натпреварувањето. Со оваа победа која на крај беше изразена во седум гола разлика 28:21 делумно се одмаздивме за двата порази од истиов противник во Лигата на шампионите. Публиката во С.Ц. Јане Сандански имаше можност да ужива во мајсториите на нашите играчи и да следат квалитетен меч. Иако овој дуел немаше некое резултатско значење за конечниот исход на табелата, сепак црвено-црните влегоа со максимално сериозен пристап.
Серијата од 5:0 на почетокот го наговести текот на овој меч. Вардарци беа тие кои го диктираа темпото на игра и кои владеаа на теренот. Речиси половина од погодоците беа атрактивни. Дибиров, Карачиќ, Душебаев и Шишкарев го доведуваа во несознание нивниот голман Миклер. Дибиров повторно потврди дека е човек од друга планета, затресувајќи ја мрежата на противникот од невозможни позиции. И другото руско крило Шишкарев на моменти ги повторуваше потезите на неговиот соиграч. Карачиќ играше феноменално, како вистински организатор на играта постигнувајќи спектакуларни погодоци. Младиот Душебаев од речиси никаде успеваше да се промакне преку високата одбрана на Унгарците, и да ја вметне топката позади нозете на Миклер. Тактичарот Раул Гонзалес повторно го надмудрува својот противнички, овој пат и шпански сонародник од другата страна на клупата.
Можеби играч на мечот беше нашиот голман Милиќ-Џамбо, кога успеа во серија да одбрани два удари од кои првиот беше од седум метри. Милиќ го заврши дуелот 50 % на одбранети удари. Штербик бранеше во првото полувреме и исто така имаше одлични интервенции. Не беше совладлив и по три изведенi седмерци на противникот. Најголемата разлика достигнуваше дури 11 гола позитива за нашиот шампион. Унгарците сигурно не паметат кога последен пат беа така надиграни и поразени. Атмосферата остави посебен белег на тој дуел, имаше одлично навивање во текот на сите 60 минути. Така овој натпревар ни остави голем впечаток кој ќе се памети како еден од најдобрите во изминатава сезона.