Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > “Комити“ им посакаа среќа на своите миленици
“Комити“ им посакаа среќа на своите миленици

“Комити“ им посакаа среќа на своите миленици

Попладнево околу 18:30 часот на теренот близу до спортскиот центар Јане Сандански, екипата на Фк Вардар го одржа последниот тренинг пред заминувањето за Кипар. Во вторник момците ги очекува првиот меч во дуелот со Апоел од лигата на шампионите. Како и што навестија Комити, денес се собраа и беа присутни на тренингот на своите миленици. Тие нема да бидат во можност да патуваат за Никозија, но нивната љубов и поддршка од малите екрани, веруваме дека ќе допре до срцата на Вардаровите фудбалери.

vardarfans komiti 2

 

Популарните Комити им посакаа среќен пат и многу среќа во дуелот со Кипрјаните, па со позитивен резултат да се вратат од ова гостување. Потоа како што најавуваат сите заедно на нашата арена да прославиме голем успех и пласман во следното квалификационо коло.

ИМАШ ВАРДАР ТИ, ВЕРНИ КОМИТИ !

Фото: Спортмедиа мк.