Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Испаѓањето на ЦСКА Москва од ВАРДАР, според УЕФА едно од најголемите изненадувања во ЛШ
Испаѓањето на ЦСКА Москва од ВАРДАР, според УЕФА едно од најголемите изненадувања во ЛШ

Испаѓањето на ЦСКА Москва од ВАРДАР, според УЕФА едно од најголемите изненадувања во ЛШ

Елиминацијата на Московска ЦСКА од нашиот шампион, екипата на Вардар се смета за едно од најголемите изненадувања во историјата на Лигата на Шампионите. УЕФА реши да направи преглед и избор на најголемите сензации досега во најголемото натпреварување. Во овој избор се најде токму Вардар кој во сезоната 2003/2004 на експресен начин го исфрли големиот и познат Руски клуб и помина во следното квалификационо коло.

Тогаш првиот меч се играше на гостински терен во Москва, кога забележавме голем триумф од 1:2. Грозданоски и бразилецот Вандаир стрелаа во историската победа во второто квалификационо коло од ЛШ. На реваншот пред преполниот градски стгадион, составот предводен од Зоран Стратев успеа да ја зачува предноста од првиот дуел и да изигра нерешено 1:1. Повторно Вандаир беше јунакот на Вардарци со постигнување на единствениот погодок за нас. Во следното трето коло ни се падна Спарта Прага од Чешка која за жал не успеавме да ја поминеме. Се надеваме на вакви изненадувања и оваа година, каде противник ни е Апоел од Кипар во второто квалификационо коло.

Да се потсетиме како беше на двата дуела и големиот триумф со екипата на Цска од Москва.