Екипата на Фк Вардар утрово замина за Кипар, каде во вторник ги очекува натпревар со Апоел од Никозија. Момците во расположена и пријатна атмосфера тргнаа во освојување на Никозија, каде ќе се обидат да извлечат поволен резултат од ова гостување. Стручниот штаб со себе поведе 22 фудбалери, кои ќе се стават на располагање на тренерот Андреев. Во тимот за овој меч не се Кобетиќ, Таневски, Глишиќ и Павловиќ. Сите останати ќе бидат дел од поширокиот список кој ќе конкурираат за првите 11 кои ќе излезат на теренот.
Вчера на последниот тренинг одржан во Скопје, Комити беа присутни да им ја дадат својата поддршка на фудбалерите пред заминувањето за Кипар. Првиот меч со Апоел се игра во вторник со почеток од 19 часот и истиот ќе биде пренесуван на МТВ.