Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Доколку го поминеме Апоел, Вардар ќе биде носител во третото квалификационо коло
Доколку го поминеме Апоел, Вардар ќе биде носител во третото квалификационо коло

Доколку го поминеме Апоел, Вардар ќе биде носител во третото квалификационо коло

На 17-ти јули(петок) во Нион ќе биде извлечена ждрепката за третото квалификационо коло во Лигата на шампионите. Доколку нашиот шампион во второто коло го помине Апоел, во следната рунда ќе биде носител и ќе има можност да добие послаб противник.

Победниците од овие натпревари ќе бидат носители во 3 квалификационо коло:

1.Стеауа Букурешт (Романија) – Тренчин (Словачка)
2. Апоел (Кипар) – ВАРДАР (Македонија)
3. Селтик (Шкотска) – Стјарнан (Исланд)
4. Бате Борисов (Белорусија)- Дундалк( Ирска)
5. Лудогорец (Бугарија) – Милсами (Молдавија)
6. Динамо Загреб (Хрватска) – Фола (Луксембург)
7. Марибор (Словенија) –Астана (Казахстан)
8. Базел (Швајцарија)
9. Салзбург (Австрија)
10. Викторија Плзен (Чешка)

Значи победниците од сите овие натпревари, заедно со Базел, Салзбург и Плзен ќе бидат носители и неможат да се паднат меѓусебно. Тие ќе вкрстат со победниците од следната група кои ќе бидат неносители. Тоа се следниве натревари:

1.Макаби Тел авив (Израел) – Хибернианс (Малта)
2. Сарајево (Босна) – Лех Познан (Полска)
3. Партизан (Србија) – Дила гори (Грузија)
4. Малмо (Шведска) – Жалгирис (Литванија)
5. Карабак ( Азербејџан) – Рудар (Црна Гора)
6. Хелсинки (Финска)-Вентспилс (Латвија)
7. Молде (Норвешка)- Пјуник (Ерменија)
8. Митјаланд (Данска) – Линколн (Гибралтар)
9. Видеотон (Унгарија) –ТНС (Велс)
10. Скендербеу (Албанија) –Крусадерс ( С.Ирска)

Победниците од овие натпревари, ќе бидат потенцијални противници на Вардар во следното коло, секако доколку нашиот шампион излезе како победник во двомечот со Кипрјаните.
Во третото квалификационо коло ќе се вклучат и екипите со повисок рејтинг, кои при ждрепката ќе се најдат заедно и ќе играат меѓусебно. Победниците понатаму ќе играат во последното 4 коло, каде ги чекаат клубови од типот на Манчестер Јунајтед, Валенсија и.т.н

Тука во овој барабан ќе се најдат следниве екипи:
1. Шахтјор Доњецк (Украина)
2. Фенербахче (Турција)
3. Монако (Франција)
4. Клуб Бриж (Белгија)
5. Рапид Виена (Австрија)
6. Цска Москва (Русија)
7. Јанг Бојс (Швајцарија)
8. Спарта Прага (Чешка)
9. Панатинаикос (Грција)
10. Ајакс (Холандија)

Овие екипи ќе играат меѓу себе во 3 коло, и немаат врска со екипите кои се најдоа во ждрепката за второто квалификационо коло.