Тимот на Вардар конечно се комплетираше на подготовките во Анталија. Утринава во тренинг кампот пристигна најдобриот играч на Вардар, Хуан Фелипе. Со доаѓањето на Фелипе сега главна работа треба да биде доведувањето на нови играчи пред се во средината, на крилните позиции и на бековските.
По комплетирањето на денешниот тренинг Фелипе на својот Инстаграм профил напиша: “Се вратив”.