Вчера фудбалскиот клуб Вардар ја одигра втората контролка на зимските подготовки во Анталија, Турција. Нашиот црвено-црн тим се сретна со екипата на Берое од соседна Бугарија. Момците на Чедомир Јаневски дојдоа до првата победа на подготовките совладувајќи го ривалот со 1-0 (0-0), стрелец на единствениот гол беше играчот од младинскиот погон, Бериша по асистенција на Брдаровски кој одигра првпат меч по паузата поради повреда добиена во ЛЕ.