Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Брдаровски: Се чувствувам одлично што повторно сум на теренот
Брдаровски: Се чувствувам одлично што повторно сум на теренот

Брдаровски: Се чувствувам одлично што повторно сум на теренот

На дуелот  против Зенит во Скопје  од групната фаза во Лигата на Европа, Владица Брдаровски заработи повреда.  Лекарските прегледи покажаа повредени лигаменти во задниот дел од коленото.  После пауза од повеќе од четири месеци, вчера Брдаровски го видовме повторно на теренот на пријателскиот натпревар против Берое, откако доби шанса да игра во второто полувреме на натпреварот. Тој  забележа и асистенција во 60. минута кога му додаде на младиот Бериша за водство и на крајот за победа на Вардар. За враќањето по долгата пауза и за очекувањата за продолжението од сезоната тој вели:

Се чувствувам одлично што повторно сум на теренот после долгата пауза. Најтешкото помина, сега ми останува само добро да се подготвам за пролетниот дел од сезоната. Благодарност до сите за поддршката во тешките моменти. Добивав големи мотиви од играчите, стручниот штаб, нашите физиотерапевти кои ми помогнаа да ја санирам повредата и да се вратам на терените. Овие пријателски натпревари тука служат добро да се подготвиме за пролетниот дел од сезоната. Се надевам дека добро ќе се подготвиме за она што нè очекува. Ќе атакуваме на два фронта и се надевам на успех на крајот на сезоната. Се додека имаме шанси за одбрана на титулата, ние ќе се бориме и нема да се предаваме. Имаме екипа која е спој на младост и на искуство и мислам дека можеме да дојдеме до посакуваната цел- вели Брдаровски.