Нашиот фудбалски шампион се комплетираше со пристигнувањето на Хуан Фелипе, кој малку подоцна од останатите ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната. Со оглед дека беше стартер на сите мечеви во есенскиот дел од сезоната, нормално беше интернационалецот од Бразил да добие подолг одмор. Вардар веќе во Анталија одигра два контролни натпревари, на кои забележа една победа и еден пораз. Фелипе истакна дека црвено-црните имаат иса цел како и од минатата сезона, шампионската титула и пласман во групнаа фаза од Европските натпреварувања.
-Добро се одморив од напорниот есенски дел, и сега важно е јас, како и целиот тим добро да се подготвиме за вториот дел од сезоната. Нашите цели и амбиции се познати од порано, а тоа се атак на два фронта и се надевам дека ќе успееме во оваа сезона која за нас е историска со играњето во групната фаза од Лигата на Европа. Сега останува само низ тренинзите тука во Анталија и низ пријателските натпревари, подготвени да го дочекаме стартот на пролетниот дел од сезоната. Посакувам сите да бидеме здрави и подготвени за натпреварите од првенството и од Купот, истакна Фелипе за официјалната страна на клубот.