Селекцијата на Шведска се пласираше во големото финале на ЕП во Хрватска. Во еден многу интересен и неизвесен натпревар, дури по продолжение од 10. минути го добивме вториот финалист, односно противникот на Шпанија во големото финале кое ќе биде одиграно в недела од 20 часот и 30 минути.
Селекцијата на Шведска уште од самиот старт имаше предност над Данска, по првиот дел “жолтите” имаа предност од два гола 16-14 благодарение на голманот Паличка кој на оваа средба правеше чуда помеѓу стативите. Во вториот дел исто така Шведска започна добро, имаше контрола на резултатот. Кога се чинеше дека е се готово, тогаш искусните Данци со два гола во eдна минута дојдоа до егал и продолжение.
Во овие десет минути повторно на дело како еден од клучните играчи се покажа голманот Паличка, со неколку одлични одбрани голманот на Шведска спречи радост на противникот. На спротивната страна свој ден немаа голманите на Данска кој се покажаа во многу лошо издание.
Натпреварот Хансен го заврши со 12 голови, Лауге Шмит даде 11. Kај победникот Закрисон даде осум, додека пак Екберг беше стрелец на седум погодоци, Паличка одбрани 19 топки.