Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Штербик и донесе среќа на Шпанија, која се пласираше во големото финале на ЕП
Штербик и донесе среќа на Шпанија, која се пласираше во големото финале на ЕП

Штербик и донесе среќа на Шпанија, која се пласираше во големото финале на ЕП

Репрезентацијата на Шпанија е првиот финалист на Европското првенство во Хрватска. Тие во полуфиналетo ја совладаа селекцијата на Франција, со резултат 23:27.

По првите пет минути се играше гол, а двете репреззентации играа цврсто во одбраната. Шпанија е прва која успева да поведе со два гола разлика, откако Ривера погоди за водство од 3:5, за во следниот напад со нов гол веќе да имаат поитива и од три гола разлика. Избраниците на Динарт не дозволија на почетокот противникот да се одлепи и како одминуваше првиот дел успеваат во 18 минута преку Кентин Мае да го израмнат реултатот на 8:8, кое беше последно во текот на првото полувреме.

vardarfans-spanija

На сцена стапува голманот на Вардар, Арпад Штербик кој брани два удари од седум метри, најпрво на Мае, а потоа и на Гигу, а токму неговите одбрани и овозможуваат на “фуријата“ да направи серија од 0:4 и со погодокот на Сармиенто да стигнат до највисоки четири гола (8:12) во 26 минута. Дури од трет обид, французите успеваат да го совладаат Штербик во ударите од седум метри, додека Кањелас со својот прв гол носи водство на својата селекција од 9:13. Франција беше изненадена од добрата одбрана на Шпанија, која требаше а биде нивна карактеристика и најсилно “оружје“ на овој полуфинален меч. Кањелас при една контра успева да изнуди удар од седум метри, кој успешно го реализира Соле, за на полувреме, Шпанија да има високи 9:15.

По првите шест минути игра во вторите 30 минути се игра гол за гол, а Шпанија ја одржува предноста од шест гола. Сармиенто и Соле со нови погодоци носат веќе сериозно водство од 13:21, додека Штербик брани нов удар од седум метри и се повеќе ги откажува триколорите. За да не биде предвреме решен победникот, Франција прави серија од 4:0 и намалува на 18:23 во 49 минута. Нови два погодоци за “трикорите“ кои сериозно се доближуваат до предноста на шпанците. Кањелас ја прекинува серијата и постигнува гол за својата репрезентација, за солидни четири гола водство (20:24) на седум минути пред крајот. Немаше време за поголеми возбудувања и Шпанија слави триумф со резултат 23:27.

Штербик имаше три одбрани и сите од седум метри, додека Кањелас постигна два гола. Во финалето, Шпанија ќе го чека подобриот од дуелот помеѓу Данска и Шведска.