Tuesday ,21 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Деновите минуваат a Вардар не носи ниту еден квалитетен играч како замена за Николов или Демири
Деновите минуваат a Вардар не носи ниту еден квалитетен играч како замена за Николов или Демири

Деновите минуваат a Вардар не носи ниту еден квалитетен играч како замена за Николов или Демири

Деновите минуваат а Вардар не носи ниту еден квалитетен играч како замена за играчите кои си заминаа. Многу имиња од различни земји се поврзуваа со Вардар, но, никој од нив не дојде во Вардар, или дојде па наводно не мина медицински тестови па си замина.

Во Вардар по се изгледа се случуваат некој големи работи. По заминувањето на два-тројца битни играчи, место управата да бара адекватни засилувања за истите, тие доведуваат играч на проба кој не би играл ниту во второлигаш а не па кај шампион на една земја.

Се споменуваа играчи од Белгија, па низа на Африканци, се споменуваше и Басеј со кој Вардар имаше контакти но и од тоа ништо.. Се беше договорено со Силва и Марментини, но и од нив двајца ништо.

Во овој момент Вардар со овој ростер титула неможе да одбрани. Дали ќе видиме нови интернационалци во црвено – црниот табор останува нејасно, само за потсетување со заминувањето на Џигаури и Итало, Вардар може да регистрира нови двајца странци.