Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Штербик: Имам една грижа за финалето, ги бранев пеналите бидејќи не сум во натпреварувачка кондиција
Штербик: Имам една грижа за финалето, ги бранев пеналите бидејќи не сум во натпреварувачка кондиција

Штербик: Имам една грижа за финалето, ги бранев пеналите бидејќи не сум во натпреварувачка кондиција

Чуварот на мрежата на “црвената фурија“ и вардаров голман, Арпад Штербик завчера пристигна во Хрватска, а вчера попладне помогна со три одбранети пенала за пласман на шпанците  во големото финале на Европското првенство. Тој во дуелот со Франција беше “џокер“ од клупата и имаше 75% одбранети удари од пенал.

Ме загрижува тоа што мојата селекција одигра одлични натпревари со Франција и Германија, па дали и третпат ќе биде така не можеме да знаеме. Во одбраната потфрлиме во вторите 30 минути, но среќа создадовме предност која не можеше да се стигне.

 За тоа како оделе зимските подготовки во Вардар и во која форма дојде он на првенството во Хрватска тој вели:

Нашиот тренер беше на првенството, уште еден тренер не беше на располагање, на тренинг имавме тројца голмани и тројца играчи. Ги бранев пеналите бидејќи не е потребно многу да се скока, не сум убеден дека ќе можев да бранам на цел натпревар. Родриго беше одличен, а сега ни останува да одмориме и да видиме дали можеме да ја повториме играта и во финалето- вели Штербик.