Шпанија е новиот Европски шампион, откако вечерва во големото финале ја совлдаа селекцијата на Шведска. Јунак на мечот е Арпад Штербик кој со своите одбрани во вториот дел донесе резултатски пресврт и победа на Шпанија, изразена со резултат од 29:23.
Натпреварот со гол го отвори Ривера, за Шведска исто така да го реализира својот прв напад и да го израмни резултатот. Благодарение на одбраните на Апелгрен, скандинавците за прв пат на мечот поведоа со два гола разлика (4:6) во 11 минута и ова водство го задржаа до крајот на првото полувреме. Голманот на Рајн-Некар стигна до својата шестта одбрана и беше најзаслужен што Шведска имаше предност. Агресивната одбрана им создаваше големи проблеми на шпанците да реалиираат во нападот и тие најчесто се обидуваа преку своите бекови да ја разбијат одбраната на Шведска. На шест минути пред крајот на првото полувреме, “фуријата“ намали на само еден гол негатива, кога погоди крилото Соле, а на голот Штербик го замени Коралес и веднаш стигна до својата прва интервенција. Сепак Шведска повторно успеа да се одлепи на највисоките три гола, а Шпанија постигнува гол, за на полувреме да се замине со резултат од 12:14.
Голманот на Вардар, Арпад Штербик феноменално го отвара второто полуврме и за кратко забележа три одбрани, благодарение на кои Шпанија успева со серија од 3:0 да го превземе водството на 15:14. Дури по седум минути игра, Шведска успева да го совлада Штербик и да намали на 16:15. Нова вкупно петта одбрана на Штербик, а понесени од неговите одбрани, играчите на Шпанија стигнуваат до највисока предност од четири гола (19:15) во 42 минута. Сосема поинакво издание на “фуријата“ во второто полувреме, која го наполни противничкиот гол, за разлика од Шведска која за 20 минути игра постигна само три голови. Отцепени швеѓаните во нападот, со одбраната која ја постави Рибера во вториот дел и со Штербик на голот невозможно беше да се направи нешто повеќе. Откако се понадева дека можат да ја намалат негативата, Штербик брани зицер удар и става точка на ова финале. Конечниот резултат е 29:23 за Шпанија, која ја симна Германија од Европскиот трон.
Честитки до играчите на Вардар, Кањелас и Штербик за Европската титула и златниот медал од ЕП во Хрватска. Инаку Штербик е прогласен за најдобар играч во финалето.