За три дена поминати на Европското првенство во Хрватска, Арпад Штербик успеа да и донесе златен медал на својата репрезентација. Чуварот на мрежата на Вардар, Штербик беше во главна улога на финалниот дуел против Шведска, кога со своите одбрани во вториот дел и помогна на Шпанија да стане Европски шампион.
Одбраната на големото финале, ја имаше токму Штербик, кој имаше вкупно осум на овој меч.